Најпродаваните музички албуми на деценијата
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најпродаваните музички албуми на деценијата

Најпродаваните музички албуми на деценијата

Како што се приближува крајот на 2009г. постојано се појавуваат топ-листи за нај-нај во изминатава деценија. MTV деновиве ја објави и топ-листата на десетте најпродавани музички албуми за изминативе 10 години.

1

1 на The Beatles (2000)

1 (2000)

The Beatles

Овој албум е составен од сите 27 „број еден“ хитови на незаборавните Битлси и претставува првата нивна компилација од ваков вид. Албумот доживеа невиден успех, надминувајќи ги сите очекувања.

2

„No Strings Attached“ на NSYNC

No Strings Attached (2000)

NSYNC

Албумот е пуштен додека милиони девојки низ светот сè уште лудуваа по петте членови на NSYNC. Само во текот на првата недела од продажбата, албумот No Strings Attached беше продаден во 2,4 милиони копии.

3

Come Away With Me (2002)

Norah Jones

Дебитантскиот албум на пијанистката и пејачка Нора Џонс беше продаден во 22 милиони примероци низ цел свет. Come Away With Me ѝ донесе 6 Греми награди на популарната музичарка.

4

„The Marshall Mathers LP“ на Eminem

The Marshall Mathers LP (2000)

Eminem

Во првата недела од пуштањето на албумот на контроверзниот рапер, беа продадени дури 1,76 милиони копии. Сигурно сите се сеќавате на првиот сингл од овој албум, The Real Slim Shady.

5

„The Eminem Show“ на Eminem

The Eminem Show (2002)

Eminem

Овој албум беше најпродаваниот албум за 2002г. Во 2003г. беше рангиран на 13 место на листата за 500 најдобри албуми на сите времиња, составена од списанието Rolling Stone.

6

„Confessions“ на Usher

Confessions (2004)

Usher

Четвртиот албум на R&B и поп-пејачот Ашер доживеа огромен успех уште во првата недела од појавувањето со рекордни 1,1 милиони продадени примероци. Само во Америка овој албум е продаден во над 10 милиони копии.

7

Hybrid Theory (2000)

Linkin Park

Дебитантскиот албум на рок групата Linkin Park е продаден во 29 милиони примероци, благодарение на хитовите како Crawling и One Step Closer.

8

„Human Clay“ на Creed

Human Clay (1999)

Creed

Иако овој албум беше пуштен во продажба во 1999г., доминираше во 2000-та. Тоа е вториот албум на Creed, кој до 2008г. беше продаден во над 11 милиони примероци. Еден од големите хитови од овој албум With Arms Wide Open освои и Греми за најдобра рок песна.

9

„Oops! ... I Did It Again“ на Britney Spears

Oops! ... I Did It Again (2000)

Britney Spears

Вториот албум на популарната поп-пејачка е продаден во 1,3 милиони копии само во првата недела по пуштањето во продажба. Хитовите како Stronger, Lucky и Oops!... I Did It Again до ден денес се едни од најслушаните песни на Бритни Спирс.

10

„Country Grammar“ на Nelly

Country Grammar (2000)

Nelly

Дебитантскиот албум на рап пејачот Nelly е најдобро подаваниот негов албум. Само во Америка се продадени над 8,4 милиони копии. Песната Country Grammar беше главната причина што овој албум доживеа огромна популарност.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3633 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.