Најавена филмската програма на КИНЕНОВА: Цел октомври Прво филм
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најавена филмската програма на КИНЕНОВА: Цел октомври Прво филм

Најавена филмската програма на КИНЕНОВА: Цел октомври Прво филм

Киненова

Денеска во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија во Скопје се одржа прес конференција посветена на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“, што изобилуваше со уникатност и разноликост. На прес конференцијата се обратија Небојша Јовановиќ, директор на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ и Игор Анѓелков, програмски директор на фестивалот, кои што ексклузивно ја објавија ја програмата на КИНЕНОВА за оваа година. Освежување беше директното вклучување на овогодинешната ѕвезда на фестивалот, актерката Бранка Катиќ.

Директорот на меѓународниот фестивал, Небојша Јовановиќ го најави почетокот на петтото издание на КИНЕНОВА, кој што ќе се емитува на Телевизија 24 од 1-ви до 31-ви октомври и официјално од 8-ми до 18-ти октомври под мотото ПРВО ФИЛМ.

Киненова Киненова

„Нас кризата дополнително нѐ мотивираше, бидејќи бевме свесни дека имаме мисија да продолжиме и тоа со квалитет повисок од тој кој што сме го поставиле претходно. Оваа година ја имаме можеби најобемната и најквалитетна програма до сега. Филмовите се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција-Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси“, изјави директорот Јовановиќ.

Киненова Киненова

Тој изјави дека фестивалот ја продолжува традицијата да го става фокусот на главната програма, на први и втори филмови на нови режисери од цел свет.

Игор Анѓелков, програмскиот директор на фестивалот изјави дека КИНЕНОВА се приклучува на светскиот тренд кој се наметна и води кон тоа фестивалската програма да се прикажува на телевизија за да можат што повеќе луѓе да видат што нуди Меѓународниот филмски фестивал.

„Оваа година КИНЕНОВА се издвојува по супер квалитетната филмска програма, дебитантите го имаат целото внимание во програмата и пред публиката, а главниот фокус е на европските филмови, односно во фокус е шпанската кинематографија и во сите три филмови доминира Пенелопе Круз“, рече Анѓелков.

Беа објавени и имињата на членовите на двете фестивалски жирија. Голем куриозитет е што оваа година претседател на главното фестивалско жири е прославениот полски режисер Кшиштоф Зануси. Членови на истото жири се: бугарскиот наградуван режисер Драгомир Шолев и Керем Ајан, директор на најголемиот филмски фестивал во Турција, Истанбулскиот филмски фестивал.

На прес конференцијата беа претставени и кратки сегменти од интересните моменти од интервјуто на Бранка Катиќ, добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал КИНЕНОВА за 2020 година. Во нејзиното директното вклучување, таа се заблагодари и изјави дека ова е прва награда за неа од Македонија и најави посета штом се намали опасноста од Ковид-19.

Киненова Киненова Киненова Киненова Киненова Киненова

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.