Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Наоми Кембел призна дека двете деца ги доби со помош на сурогат-мајка

Наоми Кембел призна дека двете деца ги доби со помош на сурогат-мајка

Наоми Кембел за првпат јавно зборуваше за начинот на кој стана мајка.

Во интервју за The Times, 54-годишната манекенка беше прашана дали нејзините две деца се родени со помош на сурогат-мајка, на што таа одговори „Да“.

„Моите бебиња ми се сè. Тоа прави да се плашам за иднината. Се молам за подобар свет за моите деца. Тие се 110 проценти мој приоритет. Морам да бидам таму за нив на првиот училиштен ден“ – рекла Кембел и додала дека е среќна самохрана мајка.

Наоми Кембел

Откако се родени нејзините деца, таа ретко споделува моменти и фотографии со нив на социјалните мрежи.

Наоми во мај 2021 година објави дека стана мајка. Во 2022 година, таа сними фотосесија со ќеркичката за Вог и изјави: „Таа не беше посвоена, таа е мое дете“.

Наоми Кембел Наоми Кембел

Во 2023 година, Наоми ги изненади своите обожаватели со објавата дека доби уште едно дете, овој пат момче.

Наоми Кембел

Наоми е категорична дека мајчинството е прекрасно и им порачува на сите млади девојки да се реализираат во улогата на мајка. „Слушам многу млади девојки како велат дека можеби нема да сакаат да имаат деца и им велам: ‘Ќе се премислите. Ќе сакате да станете мајки’. Знам дека економски е тешко, но мајка ми немаше ништо и успеа. Вреди. Прекрасно е“ – дополнила Кембел.

Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел Наоми Кембел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.