„Моите убави бебиња се тинејџери денес“: Близнаците на Џенифер Лопез го прославија 13-тиот роденден
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Моите убави бебиња се тинејџери денес“: Близнаците на Џенифер Лопез го прославија 13-тиот роденден

„Моите убави бебиња се тинејџери денес“: Близнаците на Џенифер Лопез го прославија 13-тиот роденден

Близнаците на Џенифер Лопез запливаа во тинејџерските води.

По повод 13-тиот роденден на Макс и Еми, 51-годишната пејачка сподели видеа и фотографии, а во пораката напиша:

„Моите убави бебиња се тинејџери денес!!! Боже, не ми се верува дека поминаа 13 години откако ве носев дома в раце сред снежна бура. Од таа виулица излегоа два мали кокоси кои ми го преуредија животот и ме научија на вистинското значење на љубовта. Оттогаш, ова е магично патување полно со авантури и радост. Утрово чувствувам многу емоции... Многу сум емотивна денес... многу сум горда и среќна и истовремено срцето ми се крши што не можам да го замрзнам времето. До моите две грижливи, чувствителни и специјални души... кои знам дека ќе го променат и преуредат светот на нивен уникатен начин... мама ве сака подалеку од вечноста“.

Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми

Макс и Еми го започнаа нивниот специјален ден со појадок во кревет, а подоцна Еми имаше лекција по свирење гитара со Лени Кравиц.

Макс и Еми Макс и Еми

И вереникот на Лопез, Алекс, им го честиташе роденденот на славениците.

„Среќен роденден Еми и Макс! Благословен сум што ве имам вас двајцата во мојот живот и со нетрпение очекувам да ве видам како продолжувате да растете и да правите неверојатни нешта! Продолжете да се стремите кон ѕвездите! Ве сакам двајцата“ – напиша Алекс и сподели албум со заеднички фотографии и видеа.

Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми

Макс и Еми се деца на Лопез од бракот со Марк Антони.

Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми Макс и Еми

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 732 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.