Мис Германија ги менува правилата: Крунисана 35-годишна самохрана мајка
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мис Германија ги менува правилата: Крунисана 35-годишна самохрана мајка

Мис Германија ги менува правилата: Крунисана 35-годишна самохрана мајка

Германија ги менува правилата за избор на мисица. Не само што организаторите дозволија да се натпреваруваат мајки, туку и ја зголемија возрасната граница за 10 години.

Под мотото „Зајакнување на автентичните жени“, за првпат мажени жени и мајки, како и дами од 18 до 39 години, имаа можност да учествуваат во трката за круната, а исто така, немаше сегмент на претставување во бикини. Жири-комисијата беше составена од 6 жени.

Леони фон Хасе победи на изборот. 35-годишната самохрана мајка се истакна меѓу 16-те кандидатки.

Леони фон Хасе Леони фон Хасе

„Веќе долго време жените не се заинтересирани да се стремат кон конвенционални стандарди за убавина. Мојата перцепција за 'убава' жена е силата, карактерот и автентичноста со кои зрачи таа“ - изјави Леони.

Леони фон Хасе Леони фон Хасе

За време на крунисувањето, Леони носеше црн костум, што е невообичаено, бидејќи досегашната стандардна слика за мисица вклучуваше гламурозен фустан.

Леони фон Хасе Леони фон Хасе Леони фон Хасе Леони фон Хасе Леони фон Хасе

Леони е сопственичка на онлајн продавница за винтиџ мода.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6434 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.