„Медена земја“ без ОСКАР! Медените изгубија статуетки во Холивуд, но ги освоија срцата
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Медена земја“ без ОСКАР! Медените изгубија статуетки во Холивуд, но ги освоија срцата

„Медена земја“ без ОСКАР! Медените изгубија статуетки во Холивуд, но ги освоија срцата

„Медена земја“ (Honeyland) не освои златна статуетка, но освои милиони срца низ целиот свет.

Оскар 2020

Хероината Атиџе Муратова, благодарение на посветената филмска екипа, испрати моќна порака која одекна насекаде.

Документарниот филм за последната одгледувачка на диви пчели во Европа беше номиниран во две категории – Најдобар документарец и Најдобар интернационален филм. Со тоа испиша македонска и филмска историја.

Имено, ова беше прв македонски филм со две номинации и прв документарен филм во историјата кој е номиниран во две категории за Оскар.

По веста за две номинации, тимот порача:

„Ова е првпат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.“

„Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но, уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.“

„Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа – МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР.“

Во категоријата Најдобар документарец победи „American Factory“, а во категоријата Најдобар интернационален филм, се истакна „Parasite“.

Честитки до режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, до кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума, како и до продуцентот и монтажер Атанас Георгиев за досегашните успеси и што ја открија Атиџе и ја претставија пред светот, давајќи ни хероина која нè потсетува на вистинските животни вредности.

Оскар 2020

„Медена земја“ е втор македонски филм со номинација за оскаровска статуетка по осамостојувањето. „Пред дождот“ (1994) на Милчо Манчевски пред 25 години беше номиниран во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.