Меган Маркл и принцот Хари многу ретко споделуваат фотографии од децата, а уште поретко го покажуваат нивното лице со цел да им ја зачуваат приватноста.
Но, сега имаа посебен повод за да објават дел од приватните фотографии. Нивната ќерка наполни четири години, па војводата и војвотката од Сасекс не пропуштија да го одбележат овој важен датум за нивното семејство.
Меган по подолго време го покажа лицето на принцезата Лилибет со фотографии на која ја прегрнува сега и непосредно по нејзиното раѓање.
„Среќен роденден на нашето преубаво девојче! На денешен ден пред четири години дојде во нашите животи и секој ден е посветол и подобар поради тоа. Им благодарам на сите оние кои ни испратија љубов и го славеа нејзиниот специјален ден“ – напиша таа.


Поранешната актерка објави и две фотографии „пред и потоа“ од принцот Хари и Лилибет, како и забавно видео снимено пред породувањето.
„Малото девојче на тато. Среќен роденден Лили“ – стои во описот.



Меган и Хари започнаа да се состануваат на средината од 2016 година, а стапија во брак две години подоцна. Нивното прво дете, синот Арчи, се роди во 2019 година, а Лилибет дојде на овој свет на 4 јуни 2021 година.


