Мајка на ПЕТ деца: „Марибел“ од „Руби“ ги претстави новородените близначиња со семејна фотосесија
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајка на ПЕТ деца: „Марибел“ од „Руби“ ги претстави новородените близначиња со семејна фотосесија

Мајка на ПЕТ деца: „Марибел“ од „Руби“ ги претстави новородените близначиња со семејна фотосесија

Актерката Жаклин Бракамонтес, која влезе во улогата на Марибел во хит серијата „Руби“, стана мајка на пет деца. Шармантната телевизиска ѕвезда роди близначиња и ги претстави пред светот преку фотосесија за списанието Hola.

На фотографиите, Жаклин позира со новородените бебенца, кои ги добија имињата Емилија и Паула, трите поголеми ќеркички и нејзиниот сопруг Мартин Фуентес.

Жаклин стапи во брак со бизнисменот Мартин Фуентес во 2011 година. Во 2013 година, таа роди близначиња, момче и девојче, но за жал, момчето почина како последица на респираторни компликации. Во 2014 година, парот се израдува на раѓањето на нивната втора ќеркичка Каролина, а во 2016 година, на овој свет дојде и нивната трета ќерка Рената.

Пред да стане актерка, Жаклин пливаше во водите на модната индустрија. Таа ја освои титулата Мис на Мексико во 2001 година и ја претставуваше својата татковина на Мис Универзум.

Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес

Потсетете се како изгледаше Жаклин во серијата како скромната девојка која стана жртва на сплетките на Руби.

Жаклин Бракамонтес Жаклин Бракамонтес

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3869 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?