Лејди Гага нуди 500.000 долари за враќање на нејзините украдени кучиња откако беше застрелан чуварот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага нуди 500.000 долари за враќање на нејзините украдени кучиња откако беше застрелан чуварот

Лејди Гага нуди 500.000 долари за враќање на нејзините украдени кучиња откако беше застрелан чуварот

Лејди Гага моментално престојува во Италија, каде го снима својот нов филм, но нејзините миленичиња во Холивуд се најдоа во центарот на вистинска драма.

Лејди Гага Лејди Гага

Додека Рајан Фишер, човекот задолжен за трите кучиња, бил на ноќна прошетка, двајца напаѓачи му се заканиле да им ги предаде француските булдози. Бидејќи тој одбил, бил застрелан во областа на градите, а напаѓачите успеале да украдат две од трите миленици на славната пејачка.

Лејди Гага Лејди Гага

Првичните информации се дека Фишер е во добра здравствена состојба, а дека Лејди Гага е силно потресена од инцидентот.

Светските медиуми известуваат дека таа понудила награда од половина милион долари за безбедно враќање на нејзините кучиња Коџи и Густав. Веќе била создадена и специјална електронска пошта KojiandGustav@gmail.com, преку која виновниците би можеле да стигнат до наградата, а притоа да не сносат последици ако ги вратат кучињата.

Лејди Гага Лејди Гага

Лејди Гага деновиве снима филм за семејството Гучи во Рим.

Лејди Гага

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6785 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.