Лејди Гага е елегантна невеста во Рим на снимањето на новиот филм за семејството Гучи
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага е елегантна невеста во Рим на снимањето на новиот филм за семејството Гучи

Лејди Гага е елегантна невеста во Рим на снимањето на новиот филм за семејството Гучи

Снимањето на „House of Gucci“, базиран на вистинска приказна со Лејди Гага и Адам Драјвер во главните улоги, се одвива под будното око на медиумите.

Новите сцени привлекоа голем интерес, бидејќи ги прикажуваат актерите во свадбено издание во Рим.

Лејди Гага е елегантна невеста во улогата на Патриција Реџани додека Адам го портретира Маурицио Гучи.

House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci

Вистинските Патриција и Маурицио стапија во брак во 1973 година.

House of Gucci

Биографскиот филм режиран од Ридли Скот ја раскажува сторијата за убиството на Гучи од платен убиец ангажиран од самата Патриција.

Накратко за сторијата која го инспирира филмот:

По 12 години брачен живот, Маурицио Гучи, наследникот на модната империја Гучи, ја напушти својата сопруга Патриција за помлада љубовница. Тој ѝ кажа дека заминува на бизнис патување и никогаш не се врати дома во 1985 година. Во 1991 година, тие и официјално се разведоа.

Пет години Маурицио беше на чело на Гучи, но во 1993 година беше принуден да ги продаде сите акции за 170 милиони долари. Околу година и пол подоцна, тој беше убиен на скалите пред канцеларијата во која работеше.

Патриција беше осудена на 29 години затвор за организирање на неговото убиство преку платен убиец. Таа е нарекувана „црната вдовица“. По 18 години поминати зад решетки, Патриција беше ослободена во октомври 2016 година.

House of Gucci
House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci

Во филмот ќе ги видиме и Џаред Лето, кој на сетот изгледа тотално непрепознатливо, како и Ал Пачино и Салма Хајек.

House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6786 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.