Во екот на летото, Каролина Гочева избега од топлотните бранови низ урбаните џунгли, а и од гужвите на популарните плажи и пронајде спокојство со патување на величествените Доломити каде секое вдишување носи мир и свежина.
Македонското девојче сподели фото-албум од нејзината авантура и напиша: „Јули на планина“.
45-годишната музичка ѕвезда уживаше во базени во кои топлата вода создава контраст со свежиот планински воздух, вежбаше со поглед кон идиличната природа и се релаксираше талкајќи низ шармантни улички.














Фановите на Каролина следно ќе можат да уживаат во нејзината музика на 13 август на Градски парк Струмица.