Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Летај галебе“, „Тајно моја“, „Штом се сака“... Безвременските хитови на Кире Костов одекнаа во Битола

„Летај галебе“, „Тајно моја“, „Штом се сака“... Безвременските хитови на Кире Костов одекнаа во Битола

Носталгија, евергрини кои ја милуваат душата и емотивно евоцирање на спомени синоќа ја исполнија салата во Центарот за култура во Битола во чест на Маестро Кире Костов.

Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, под палката на Владимир Димовски, ги придружуваше младите изведувачи, за заедно да го оживеат делото на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент.

Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов

Водич низ музичкото патување потпишано од Костов беше Петар Горко. Познатиот актер ја рецитираше „Летај галебе“ низ звуците на виолината на Владимир Костов, а потоа порача:

„Знам дека нема човек во салата што не ги знае сите песни на Кире Костов. Простете за мојата емотивност. Ќе пееме, ќе ги пееме песните на Кире. Така Кире ќе продолжи да живее. Така големите луѓе продолжуваат да живеат.“

Проф. д-р Миодраг Врчаковски, кој со Костов има креирано редица безвременски песни, со моќни зборови ја растрепери публиката. „Беше човек-вселена, дијамант бесценет“ – беше категоричен тој за неговиот другар и музички партнер.

Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов

А кога хитовите започнаа да се нижат, публиката посака да нема крај. „Кога те нема“, „Тајно моја“, „При очи ти си слеп“, „Штом се сака“, „Казна моја си ти“, „Илузија“... беа отпеани од талентирана група изведувачи: Антониа Гиговска, Димитар Андоновски, Кики Мукаетова, Андреа Томовска, Сефедин Бајрамов, Мина Блажев, Драгана Јовановска и Бојан Стојков.

Изненадување на сцената беше интерпретацијата на директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски на незаборавната „Летај галебе“.

Музичкиот настан е во рамките на проектот од национален интерес „Летај Галебе“, инициран од сопругата на Костов, г-ѓа Кармен Костова, а има за цел афирмација, но и заживување на некогашните богати музички вредности.

Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов Концерт во чест на Кире Костов

Фото: Ивона Кочов, Дејан Кузмановски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.