Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронајдени мртви
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронајдени мртви

Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронајдени мртви

Српската пејачка Ксенија Пајчин и црногорскиот манекен Филип Каписода синоќа се пронајдени мртви во станот на пејачката во Белград. И двајцата имале прострелни рани, а покрај телото на Каписода е пронајден пиштол.

Ксенија Пајчин и Филип КаписодаСе претпоставува дека Каписода прво ја убил Пајчин, а потоа си го одзел и сопствениот живот.

Според првичните сознанија на полицијата, најверојатно се работи за убиство и самоубиство. Се претпоставува дека Каписода прво ја убил Пајчин, а потоа си го одзел и сопствениот живот. Но, истрагата сè уште е во тек и нема официјални информации.

Безживотните тела на младиот пар ги пронашла мајката на Ксенија, која во моментот на трагичниот настан била во соседството. Соседите изјавиле дека Ксенија и Филип многу често влегувале во расправии. Српските медиуми пишуваат дека пред два дена во истиот стан доаѓала полиција поради пријавено насилство.

Таа информација ја потврди и најдобриот пријател на Ксенија, Горан Стоичевиќ - Карамела, кој видно растревожен бил на местото на немилиот настан. За српскиот Блиц тој изјавил:

„Тогаш се расправале, дошла и полиција, па дојдов и јас да ги смирам. Синоќа се допишувавме до два часот. Се карале затоа што Филип бил многу љубоморен. Ѝ беше тешко, плачеше... Требаше денес да се видиме, бидејќи на син ми му е роденден, ама...“

Ксенија Пајчин е родена на 3 декември 1977 година во Белград. Таа беше една од најсексапилните јавни личности во Србија. Според медиумите, нејзината врска со манекенот Филип била особено бурна, со многу разделби и помирувања. Филип Каписода е роден во 1987 година. Тие за последен пат ја обновиле врската кон крајот на минатата година, по излегувањето на Филип од шоуто „Големиот брат“.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.