Кристијано Роналдо не ги задржа солзите кога му покажаа видео од неговиот покоен татко
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристијано Роналдо не ги задржа солзите кога му покажаа видео од неговиот покоен татко

Кристијано Роналдо не ги задржа солзите кога му покажаа видео од неговиот покоен татко

Кристијано Роналдо не ги потисна силните емоции кога новинарот Пирс Морган сред интервју му покажа видео од неговиот покоен татко.

„Никогаш го немав видено тоа видео“ - вели низ солзи Кристијано и признава дека најмногу тагува што татко му не доживеа да види колку успешен стана тој.

„Станав број еден, а тој не виде ништо. Не ме виде како примам награди. Моето семејство гледа, мојата мајка, моите браќа, дури и мојот најголем син. Но, мојот татко не виде ништо од тоа“ - додава славниот спортист.

Кристијано Роналдо Кристијано Роналдо

Роналдо имаше 20 години кога неговиот татко Хозе почина на 52-годишна возраст од заболување на црниот дроб предизвикано од алкохолизам.

Во текот на интервјуто, Роналдо признава дека не очекувал дека ќе плаче. „Мислев дека интервјуто ќе биде смешно, не очекував дека ќе плачам. Но, никогаш ги немам видено тие снимки. Не знам од каде... Морам да ги имам за да му ги покажам на семејството. Но, навистина не го познавав татко ми 100 проценти. Тој беше пијаница. Никогаш не зборував со него, онака да водиме нормален разговор. Беше тешко“ - раскажа тој.

Кристијано со родителитеКристијано со родителите

Популарниот Португалец вчера сподели семејни фотографии со Џорџина Родригез и нивните четири деца.

Кристијано Роналдо Кристијано Роналдо Кристијано Роналдо Кристијано Роналдо

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 883 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?