Криси Тиген и Џон Леџенд отпатуваа во Италија за да си ги обноват свадбените завети на 10-годишнината од бракот.
Среќниот пар се врати на истото место на Езерото Комо, каде стапи во брак во 2013 година, и повторно се заколна на вечна љубов.
37-годишниот модел промени два фустани од високата мода на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
На свеченоста, Криси пристигна во црна проѕирна креација. Покрај среќниот пар чекореа нивните деца Луна и Мајлс.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Криси Тиген и Џон Леџенд на нивната свадба на Езерото Комо во 2013 година
Криси Тиген и Џон Леџенд на нивната свадба на Езерото Комо во 2013 година
Криси сподели фотографии од забавите со најблиските личности по повод обновувањето на заветите. На нив таа носи фустанче од Жорж Хобеика.
„Дојдовме на ова место за магија“ – напиша таа.
 
 
 
 
 
 
 
		 

 
 
 
 
