„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Краткиот експериментален филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови Wandering Reel Traveling Film Festival.

„Крајот на времето“ е кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експериментален филм кој Кетлин Мекинис, директорката на фестивалот во Аспен го нарече „хипнотичен и величествен“.

Крајот на времето

Берлинскиот Либери фестивал вели: „Свежиот минимализам и авторитетната едноставност на 'Крајот на времето' се навистина потресни“, а Дејан Здравков од Филозовскиот филмски фестивал во Скопје напиша: „Неверојатно привлечна кинематска и уметничка игривост, експериментално трансцедентално патување... ретки и безвременски мигови“, додека канадскиот режисер на експериментални филмови и критичар, Мајк Хулбум, вели: „Студија на секојдневното и на тајното спасение кое мирно чека додека никој не гледа. Вниманието на гледачот е поттикнато да скита по сликата, небаре нашата потреба од херои или предмети за тестирање веќе не е неопходна.“

Крајот на времето

Филмот е прикажан на повеќе од 30 фестивали, музеи и уметнички галерии и има освоено 6 награди, меѓу кои и во Аспен и Берлин. Светски дистрибутер на филмот е Пасифик воис од Јапонија.

Пред само десетина денови Манчевски беше награден и на годинашниот јубилеен 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, каде му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата.

Манчевски

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?