Која песна заслужува Оскар? Слушнете ти петте номинирани музички дела
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Која песна заслужува Оскар? Слушнете ти петте номинирани музички дела

Која песна заслужува Оскар? Слушнете ти петте номинирани музички дела

За неполн месец ќе дознаеме во чии раце ќе завршат оскаровските статуатки. Најпрестижната холивудска манифестација оваа година ќе се одржи на 26 февруари, а водител ќе биде Џими Кимел.

Во категоријата Најдобра оригинална песна за победа ќе се натпреваруваат пет музички дела, од кои две се дел од саундтракот на филмот „La La Land“.

Слушнете ги песните кои ќе се борат да стигнат до посакуваната статуетка и изберете која од нив според вас заслужува Оскар.

„City Of Stars“ од „La La Land“

Откако беше наградена за најдобра песна на наградите Golden Globe и Critics' Choice, сега „City Of Stars“ ќе влезе и во оскаровската трка. Песната од популарниот филм „La La Land“ е изведена од актерите Ема Стоун и Рајан Гослинг, а музиката и композицијата се дело на Џастин Гурвиц.

„Can’t Stop The Feeling“ од „Trolls“

Џастин Тимберлејк ја исполнува „Can’t Stop The Feeling“ од неговиот најнов анимиран филмски проект „Trolls“.

„Audition (The Fools Who Dream)“ од „La La Land“

„La La Land“ недискутабилно направи „бум“. „Audition (The Fools Who Dream)“ е во изведба на актерката Ема Стоун, која ја има главната женска улога во филмот.

„The Empty Chair“ од „Jim: The James Foley Story“

„The Empty Chair“ е изведена од Стинг, а текстот и композицијата се соработка на популарниот пејач и продуцентот Џеј Ралф.

Документарниот филм „Jim: The James Foley Story“ ја раскажува приказната за американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше убиен во 2014 година од терористи од Исламската држава.

„How Far I’ll Go“ од „Moana“

Покрај номинацијата за Најдобар анимиран филм, „Moana“ доби номинација и за Најдобра оригинална песна за „How Far I’ll Go“, која е напишана и продуцирана од Лин-Мануел Миранда.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6269 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.