Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Композиторот Љупчо Константинов е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ. Наградата на Константинов свечено ќе му биде врачена на фестивалот „Браќа Манаки“.

Љупчо Константинов

„Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција за македонскиот филм и од самиот старт критериумот е дигнат толку високо што навистина не е лесно да се најде кандидат и достоен лауреат иако, се разбира, секогаш меѓу нас има такви постојат и да се следи тоа ниво. Досегашни добитници на наградата се Кирил Ценевски, големата легенда на македонскиот филм, потоа Милчо Манчевски, по него Дарко Марковиќ, па Сајмон Пери, ДФРМ се одлучи таа година наградата да ја додели на познатиот британски продуцент, кој стои зад филмот „Пред дождот“, најголемиот успех на Македонија било кога во целокупната наша историја. А минатата година наградата ѝ беше доделена на Милица Стојанова, направивме исклучок и наместо наградата да биде доделена на ѕвезда која блеска зад големото платно, се одлучивме за ѕвезда која блеска на големото платно и тоа е личност која можеби немала главни улоги на филмот, но оставила неверојатна трага во целата наша кинематографија. А главните улоги ѝ недостасуваат зашто таква беше позицијата на жената во целата балканска кинематографија.“

„И оваа година беше исклучително тешко да се дојде до вистинското име на човекот кој ќе ја понесе оваа награда. Предлози имаше малку и имаше аргументи и за и против кои од предложените треба да биде награден годинава, а кој можеби треба да почека за година или две понатаму, сè додека се предложи овој добитник и веќе не постоеја дилеми кај ниту еден член на ДФРМ.“

„Станува збор за една исклучителна појава во македонската кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите како „Среќна нова ‘49“ и „Тетовирање“, тоа се филмови што македонската публика исклучително многу ги сакаше сите овие години. Потоа тој има соработувано со неверојатни имиња, да спомнам само некои од нив: Паоло Маѓели,Томаж Пандур, Мустафа Надаревиќ, Пенелопе Круз, Роберто Чули, Озрен Прохиќ, како и Бранко Гапо, Димитрие Османли, Столе Попов, Антонио Митриќевски. Тој потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика и е добитник на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ за 2019 година е Љупчо Константинов. Овој човек блескаше, имаше извонредна кариера и како секој голем уметник во еден миг го снема. Некако помалку слушавме за него. За да сега, на 76- годишна возраст да се врати на голема врата и сега постојано работи, главно во странство, во Италија, Хрватска, нешто и во Македонија и е повторно на големите театарски, телевизиски и филмски сцени“ – рече претседателот на ДФРМ, Игор Иванов - Изи.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 565 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?