Кои се најплатените музички ѕвезди за 2015?
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кои се најплатените музички ѕвезди за 2015?

Кои се најплатените музички ѕвезди за 2015?

Forbes редовно составува листи со најуспешни славни личности од шоу-бизнисот. На врвот на листата на најплатени музички ѕвезди за изминатиот период застана Кети Пери, со годишна заработка од 135 милиони долари.

Најголемиот дел од профитот на 31-годишната пејачка доаѓа од нејзината светска турнеја „Prismatic“. Се проценува дека таа заработила по над 2 милиони долари од секој нејзин настап.

Кети Пери

Второто место им припадна на One Direction. Момците од популарниот бенд од Лондон остварија приход од 130 милиони долари.

One Direction

Листата е направена врз основа на заработката на сите музичари во периодот од јуни 2014 до јуни 2015 година.

Најплатени музички ѕвезди за 2015

  1. Кети Пери – 135 милиони долари
  2. One Direction – 130 милиони долари
  3. Гарт Брукс – 90 милиони долари
  4. Тејлор Свифт – 80 милиони долари
  5. The Eagles – 73,5 милиони долари
  6. Калвин Харис – 66 милиони долари
  7. Џастин Тимберлејк – 63,5 милиони долари
  8. Пи Диди – 60 милиони долари
  9. Fleetwood Mac – 59,5 милиони долари
  10. Лејди Гага – 59 милиони долари
  11. The Rolling Stones – 57,5 милиони долари
  12. Ед Ширан – 57 милиони долари
  13. Џеј Зи – 56 милиони долари
  14. Бијонсе – 54,5 милиони долари
  15. Елтон Џон – 53,5 милиони долари

Пол Макартни го зазеде 17. место со 51,5 милиони долари, Мајкл Бубле застана на 18. место со 45,5 милиони, а на Бруно Марс му припадна 22. место од листата, поради неговата годишна заработка од 40 милиони долари.

Познатото списание пред неколку месеци објави дека Тејлор Свифт и Калвин Харис се најплатен славен пар.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.