Кијану Ривс ја бакнува својата сакана додека за првпат го покажува новиот имиџ во Берлин
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кијану Ривс ја бакнува својата сакана додека за првпат го покажува новиот имиџ во Берлин

Кијану Ривс ја бакнува својата сакана додека за првпат го покажува новиот имиџ во Берлин

Кијану Ривс и Александра Грант престојуваат во Берлин каде холивудскиот миленик го снима продолжението на култниот „The Matrix“. Славниот пар беше фотографиран додека си разменуваше бакнеж пред хотел во германската метропола.

По подолго време, 56-годишниот актер за првпат се појавува со минимална брада и кратка коса. Веројатно новиот имиџ е за потребите на „Matrix 4“ и повторното влегување во улогата на Нео.

Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант Кијану Ривс и Александра Грант

Ривс и 47-годишната артистка привлекоа големо внимание минатата година кога за првпат се појавија како пар пред јавноста. Освен што се дискутираа погледите полни со љубов што тие си ги упатуваа, многу коментари беа за седата коса на Грант.

Кијану Ривс и Александра Грант

За изборот да не ја бојадисува косата, таа вели: „Ми побеле косата предвреме во моите рани 20-ти години и ја бојадисував во секоја можна боја до момент кога повеќе не можев да ја толерирам токсичноста на фарбите. Во моите 30-ти години, ѝ дозволив на косата да стане „руса“. Ми се допаѓа и го поддржувам тоа што секоја жена може да одлучи како сака да изгледа на секоја возраст.“

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3580 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.