Каја Гербер и Џиџи Хадид ѕвезди на ревијата на Moschino во Милано
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каја Гербер и Џиџи Хадид ѕвезди на ревијата на Moschino во Милано

Каја Гербер и Џиџи Хадид ѕвезди на ревијата на Moschino во Милано

Отворањето на ревијата на Moschino постигна вистински déjà vu ефект за гледачите и љубителите на модата, бидејќи Каја Гербер, ќерката на легендарниот модел Синди Крафорд, продефилира облечена во кожна моторџиска јакна и чизми кои беа неверојатно слични на оние кои ги носеше нејзината мајка на фотографија на Петер Линдберг, направена за Vogue во 1991 година.

Москино

Покрај Гербер, на ревијата дефилираа и други славни модели, меѓу кои и сестрите Хадид.

Москино Москино

Модните креации на Џереми Скот Москино изобилуваа со моторџиски модни детали, но искомбинирани со масивни здолништа од тул, сатен и други нежни материјали. Многу од креациите беа инспирирани од времето на панк-музиката, па така, моделите носеа мрежести хулахопки во комбинација со јаки розови и црвени нијанси. Впечатливите чизми беа задолжително надополнување за повеќето креации. Ваквите комбинации ги инспирираа критичарите да изјават дека моделите изгледале истовремено како моторџии и како балерини.

Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино

Вистинско изненадување беше крајот на ревијата, кога моделите дефилираа облечени како масивни букети. Имаше креации кои беа инспирирани од егзотични цвеќиња, рози и орхидеи, но и фустани буквално направени исклучиво од вистински цвеќиња.

Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино Москино

Ѕвезда на вечерта беше повторно Џиџи Хадид. Нејзината појава на затворењето од шоуто, облечена како огромен, раскошен букет, измами воздишки од гледачите, кои со воодушевен аплауз ја испратија зад сцената.

Москино Москино Москино Москино Москино

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6028 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?