Каролина, Тамара, Игор, Калиопи... Македонските ѕвезди со емотивни пораки за Тоше Проески 13 години по неговата смрт
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каролина, Тамара, Игор, Калиопи... Македонските ѕвезди со емотивни пораки за Тоше Проески 13 години по неговата смрт

Каролина, Тамара, Игор, Калиопи... Македонските ѕвезди со емотивни пораки за Тоше Проески 13 години по неговата смрт

Прекрасна личност со ангелски глас, голем хуманитарец кој помагаше секому, срце полно со добрина... тешко е да се поверува, но денес минуваат 13 години од трагичната смрт на нашиот Тоше Проески.

Болката останува кај секој што го сакаше и познаваше, а недостасува сè повеќе и повеќе со секоја измината година.

Македонските и балканските ѕвезди споделија фотографии, видеа и пораки на 13-годишнината од кобниот настан кој го одзеде животот на македонската гордост.

Каролина Гочева

„Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење. Засекогаш во нас... 13 години без наш Тоше“ – напиша Каролина.

Тоше

Тамара Тодевска

„Кога љубовта би можела да се измери, планетата Земја би натежнала од копнеж по него...“ – пишува на фотографијата која ја сподели Тамара.

Тоше

Игор Џамбазов

„Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него...“ – пишува Џамбазов.

Калиопи

Калиопи издвои дел од песната „Još uvijek sanjam da smo zajedno“.

Тоше

Елена Ристеска

Тијана Дапчевиќ

Тијана објави фотографија на која се прегрнува со Тоше. Во описот постави скршено срце, до кое стои бројот 13.

Весна Петрушевска

„13 години Тоше. Неверојатно... како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот... се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил. Kолку беше убав, колку беше убав таа вечер... изморен, смирен, насмеан... ми кажа уште нешто таа вечер... Те сакам, недостасуваш... врне и сега... како и оној понеделник...“ – пишува Весна.

Антониа Гиговска

Тоше

Дац и Александар

Во ова тмурно утро сонцето чудно изгреа, и така е веќе 13 години Сакаме да го помниме по убави нешта. Тоше беше музика...

Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Friday, October 16, 2020

Андријана Јаневска

Life's a dream, we are dreaming. Непребол.

Posted by Andrijana Janevska on Friday, October 16, 2020

И балканските ѕвезди се потсетија на моментите со нивниот драг колега.

Јелена Томашевиќ

„Минаа 13 долги години без Тоше, недостига секоја година сè повеќе. Неодамна го посетив Крушево и неговото семејство, ми стана сè јасно кога ги запознав неговите родители. Потекнуваше од таква доблест и добрина, што не е чудно што сите го нарекуваа ангел. Засекогаш ќе биде во нашите молитви“ – напиша таа. Во видеото кое го сподели Јелена заедно со Саша Ковачевиќ ја изведуваат „Pomozi mi“.

Тони Цетински

13 долги години.

На утрешен ден, некаде во ова време, ти нè напушти физички, но само физички, брате мој. Не можам да поверувам колку многу ни недостигаш и ден-денес и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер...

Ме прашуваш каде сум и што правам?

На пат сум и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која ни е потребна на сите во ова денешно чудно и злобно време. Ќе биде добро сè дури те имаме тебе, кој нè чуваш со твоето присуство, песни и сите добрини кои ги остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината.

Знам дека нè чуваш и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви.

Те сака братот!

“13 dugih godina” Sutra negdje u ovo vrijeme napustio si nas fizički ali samo fizički brate moj. Ne mogu vjerovati...

Posted by Tony Cetinski on Wednesday, October 14, 2020

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9808 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.