Комичарот Еди Марфи ќе биде водител на престижната манифестација за доделување на наградите Оскар, која ќе се одржи во февруари наредната година.
Еди Марфи
Брет Ратнер, продуцентот на претстојното 84-то по ред шоу за доделување на Оскар, го искажа своето задоволство од направениот избор. „Еди е комичен гениј, еден од најголемите и највлијателните изведувачи во живо. Со неговата љубов кон филмовите, историјата на создавање незаборавни карактери и неговата иконска изведба, особено на сцена, знам дека ќе донесе возбуда, спонтаност и многу душа во шоуто што јас и Дон ќе го продуцираме во февруари“ – изјавил Ратнер.
И на Еди Марфи не му требаше долго време за да излезе со заблагодарување за укажаната доверба. „Огромна чест ми е да се приклучам на големата листа на водители на академските награди, од Хоуп и Карсон, до Кристал, Мартин и Голдберг, меѓу останатите“ – изјавил Марфи.
Шоуто ќе се одржи на 26 февруари, а ќе биде пренесувано во живо во повеќе од 200 држави низ светот.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (10)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.