Икона на годината: Џенифер Лопез сексапилна за GQ
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Икона на годината: Џенифер Лопез сексапилна за GQ

Икона на годината: Џенифер Лопез сексапилна за GQ

Џенифер Лопез ја краси насловната страница на GQ.

50-годишната музичка ѕвезда сними сексапилна фотосесија за да прослави за титулата Икона на годината, која ѝ беше дадена од познатото машко списание.

Џенифер Лопез

Лопез позираше во црни креации од модни куќи како Ботега Венета, Том Форд и Денис Басо.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто, Џеј Ло зборуваше за претстојниот настап на Super Bowl, за 50-тиот роденден и за нејзината напорна работа.

На прашање дали луѓето ја советуваат да не биде толку отворена за својата возраст, таа одговара: „Да, сите. Сите мажи. (се смее) Не, тоа не е вистина. Всушност, тоа се жените. Ми велат: ‘Дали навистина сакаш да го истакнеш тоа?’ Не сфаќам, сите знаат колку години имам, во што е проблемот? Во оваа индустрија, кога ќе наполниш 30, сите сметаат дека си готова. Не можам да ви кажам колкупати сум почувствувала дека луѓето си мислат: ‘Готова е, завршено е со неа’. Но, тоа е толку убав период во животот на жените. Артистите, особено жените, стануваат многу подобри кога ќе пораснат и созреат. Тие ја откриваат сопствената моќ и сфаќаат дека имаат нешто убаво да му понудат на светот кое е само нивно. И јас го чувствувам истото. Нема потреба никогаш да се срамите од тоа каде сте стигнале. Секогаш ќе има луѓе кои ќе ти речат НЕ или НЕ МОЖЕШ или НЕ ТРЕБА. Тоа ќе се случи. Без разлика што велат другите, треба да имате став: ‘И покрај сè, јас ќе го правам ова. И покрај сè, јас ќе успеам. И покрај сè, јас ќе го дадам најдоброто’ Направете го невозможното. Зошто да не?“.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

За нејзиното брзо темпо на работа и за нејзината незапирливост: „Јас сум неверојатно нетрпелива. Сакам сè, сега. Тешко ми е да толерирам бавно темпо. Се нервирам така“.

За претстојниот настап со Шакра на полувремето на Super Bowl: „Чувствувам дека е неверојатно што две Латино жени во Мајами ќе настапуваат на Super Bowl. Ќе имаме 12-14 минути да направиме луѓето да ја разберат нашата вредност во оваа земја... Мислам дека може да биде прекрасна прослава“.

Џенифер Лопез

Видео

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3869 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?