Никол Шерцингер наполни 47 години.
Атрактивната пејачка, која во минатото беше дел од женската група Pussycat Dolls, сподели видеа во бикини и фотографии од роденденската прослава, па доби бројни комплименти од своите фанови.

На видеото снимено на плажа, Никол напиша: „Луѓето родени во 2000 година полнат 25... Така и јас“, по што веднаш почнаа да се редат коментари:
„Дефинитивно изгледаш помлада од 25 години“, „Со тоа тело изгледаш како 25 години“, „Дефинитивно докажа дека годините се само бројка“, „Какво тело“, „Девојко, несомнено ги засрами најголемиот дел од жените на половина од твојата возраст“...



Подоцна, Никол сподели фотографии од забавата со најблиските, на која беше и нејзиниот вереник Том.














