Жизел повторно е најплатен модел на светот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жизел повторно е најплатен модел на светот

Жизел повторно е најплатен модел на светот

Forbes ја објави овогодишната листа на најплатени модели на светот. Рангирањето е направено според проценетата заработката на секој од моделите во периодот од јуни 2009 до јуни 2010 година.

И повторно нема изненадувања. Жизел Бундхен и Хајди Клум застанаа на чело на листата.

Тоа што е нова мајка воопшто не ѝ попречи на Жизел уште еднаш да биде прогласена за најплатен модел на светот. 29-годишната манекенка го роди своето прво дете во декември, но брзо се врати во форма за да ги исполнува своите ангажмани во светот на модата. Во изминатава година Жизел остварила проценета заработка од 25 милиони долари.

Жизел Бундхен1. Жизел Бундхен

Германскиот модел Хајди Клум е втора на листата со заработка од 16 милиони долари. Пред половина година бевме сведоци на нејзиното големо враќање на модната писта на ревијата на Victoria’s Secret, каде што се појави во улога на водителка само 5 недели по раѓањето на нејзиното 4-то дете.

Хајди Клум2. Хајди Клум

Кејт Мос е рангирана на третото место со заработка од 9 милиони долари. И покрај многуте скандали сврзани со неа, 36-годишната Мос успеа да остане меѓу наплатените модели на светот.

Кејт Мос3. Кејт Мос

Топ 10 најплатени модели на светот

  1. Gisele Bündchen (25 милиони долари)
  2. Heidi Klum (16 милиони долари)
  3. Kate Moss (9 милиони долари)
  4. Adriana Lima (7,5 милиони долари)
  5. Doutzen Kroes (6 милиони долари)
  6. Alessandra Ambrosio (5,5, милиони долари)
  7. Natalia Vodianova (5,5 милиони долари)
  8. Daria Werbowy (4,5 милиони долари)
  9. Miranda Kerr (4 милиони долари)
  10. Carolyn Murphy (3,5 милиони долари)

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4167 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?