Жените доминираат на листата на најплатени ѕвезди под 30 години
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Жените доминираат на листата на најплатени ѕвезди под 30 години

Жените доминираат на листата на најплатени ѕвезди под 30 години

Претставничките на понежниот пол доминираат на листата на Forbes на најплатени холивудски ѕвезди под 30 години. Шест места на листата ги заземаат млади дами, при што четири од првите пет места им припаѓаат на пејачки.

На првото место е 22-годишната Тејлор Свифт која во изминатава година заработила 57 милиони долари. Освен од големиот број продадени албуми, Свифт заработува солидно и од своите концерти. Во просек, за една ноќ таа заработува по 1 милион долари.

Ријана, Лејди Гага и Кети Пери ѝ прават друштво на Тејлор на првите пет места. Единствениот претставник на машкиот пол кој влезе во топ 5 е Џастин Бибер. Погледнете кои се најплатените млади ѕвезди и колкава е нивната заработка.

Тејлор СвифтЏастин БиберРијанаЛејди ГагаКети ПериАделКристен СтјуартЛил ВејнТејлор ЛотнерРоберт Патинсон

1. Тејлор Свифт

Заработка: 57 милиони долари

Музиката ѝ носи доста пари на Тејлор, но таа заработува и од реклами. Славната пејачка е заштитно рекламно лице на козметиката на CoverGirl.

2. Џастин Бибер

Заработка: 55 милиони долари

Младиот Бибер можеби не е доволно возрасен за да може да пие алкохол во САД, но затоа пак нема проблеми со заработката. Тинејџерската сензација со заработени 55 милиони долари е на второто место. Освен од албуми, концерти, продажба на парфеми и учество во реклами, Бибер инвестира и во стартап компании како Stamped, Tinychat и Spotify.

3. Ријана

Заработка: 53 милиони долари

Големата турнеја со 85 концерти многу ѝ помогна на Ријана за да се најде меѓу најплатените ѕвезди. Освен од музичката кариера таа заработува и од рекламите за кокосовата вода Vita Coco и лосионите на Nivea.

4. Лејди Гага

Заработка: 52 милиони долари

Минатата година Гага заработи неверојатни 90 милиони, а оваа година нејзината заработка падна до „само“ 52 милиони долари. Можеби причината за тоа е што до моментот на пресметување на заработката 26-годишната пејачка ја немаше започнато својата нова турнеја.

5. Кети Пери

Заработка: 45 милиони долари

6. Адел

Заработка: 35 милиони долари

7. Кристен Стјуарт

Заработка: 34,5 милиони долари

8. Лил Вејн

Заработка: 27 милиони долари

9. Тејлор Лотнер

Заработка: 26,5 милиони долари

10. Роберт Патинсон

Заработка: 26,5 милиони долари

Заработката е пресметана за периодот од мај 2011 до мај 2012.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8613 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.