Елена Ристеска модерна во црвено сако на примањето на наградата „Дама на годината - регион“ во Србија
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елена Ристеска модерна во црвено сако на примањето на наградата „Дама на годината - регион“ во Србија

Елена Ристеска модерна во црвено сако на примањето на наградата „Дама на годината - регион“ во Србија

Елена Ристеска доби почесна награда на настан посветен на жените во Врњачка Бања во Србија.

Македонската пејачка ја прими наградата „Дама на годината - регион“, за нејзината работа, придонес и креативност.

33-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша: „Благодарам за наградата 'Дама на годината' за регионот - за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис - основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој 'машки' свет, како самостојна и независна жена.“

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска
Елена Ристеска Елена Ристеска

Елена носеше комбинација со црвено сако на церемонијата на која ја испеа својата песна „Доживотно“.

Елена Ристеска

Ристеска се подготвува за лансирањето на нејзината линија козметички производи „ERA Cosmetics“.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2418 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?