Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Една заболена работничка може да значи цел град!“: Актерката Јелена Јованова со апел до сопствениците на конфекции

„Една заболена работничка може да значи цел град!“: Актерката Јелена Јованова со апел до сопствениците на конфекции

Јелена Јованова апелира до сопствениците на конфекции во оваа кризна состојба да го стават здравјето на своите работници пред профитот.

„Една заболена работничка може да значи цел град!“ - стои во пораката на познатата актерка која брзо се распространи на социјалните мрежи.

Јелена Јованова

Прочитајте ја целата порака:

Растев во конфекциски град.

Мајка ми (веќе во пензија) цел живот работеше во конфекција.

Ретко 8, најчесто 9,10,12,15 работни часа на ден.

Од мал учиш како профитот на конфекционерските газди им е побитен од здравјето на вработените.

Денот го поминуваат стуткани една до друга, припиени до машините за шиење. Многу често единственото 'сонце' се сијалици зашто во некои од нив нема ни прозори.

Да не ја отвораме темата како немаат соодветен простор за ручек пауза, како стоејќи една до друга напикани во импровизирани 'собчиња' јадат и пак си дишат во врат!

Вирусот кој никако не треба да се потцени можеби веќе е на прагот во Штип.

Се надевам дека ЕДНАШ во нивниот живот газдите на конфекциите ќе бидат ЧОВЕЧНИ И СОВЕСНИ и ќе ги заштат своите вработени и себе си.

Една заболена работничка без претерување може да значи цел град!!!

Еднаш БАРЕМ ЕДНАШ не ја мерете длабочината на вашиот џеб туку неизмерната длабочина и убавина на солидарноста, на одговорноста што ја имаме едни код други како луѓе!

Конфекции

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.