Ева Мендес и Рајан Гослинг ќе станат родители
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендес и Рајан Гослинг ќе станат родители

Ева Мендес и Рајан Гослинг ќе станат родители

Ева Мендес и Рајан Гослинг го очекуваат своето прво дете. Странските медиуми добиле потврда за бременоста од повеќе блиски лица на актерската двојка и според информациите, Мендес е во седмиот месец од бременоста.

Ева и Рајан сѐ уште ја немаат потврдено веста, што е многу очекувано со оглед на тоа што тие максимално се трудат да го зачуваат приватниот живот зад завеси.

Ева Мендес и Рајан Голинг Ева Мендес и Рајан Голинг

40-годишната актерка за последен пат беше фотографирана во јавност во март, а само еден месец претходно таа негираше дека е во блажена состојба.

Мендес и 33-годишниот актер ја започнаа својата врска во 2011 година. Во 2012 година заедно глумеа во „The Place Beyond the Pines“, а соработуваа и за режисерското деби на Гослинг „Lost River“.

Ева Мендес и Рајан Голинг Ева Мендес и Рајан Голинг

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 10188 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?