Ева Лонгорија го изненади сопругот со фламенко мини концерт за годишнината од бракот, нивното синче слатко танцуваше
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија го изненади сопругот со фламенко мини концерт за годишнината од бракот, нивното синче слатко танцуваше

Ева Лонгорија го изненади сопругот со фламенко мини концерт за годишнината од бракот, нивното синче слатко танцуваше

Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон пред точно четири години стапија во брак, па славната актерка одлучи да ја одбележи годишнината со прекрасно изненадување за својот сакан.

45-годишната ѕвезда организираше фламенко мини концерт во нивната градина. Славниот пар заедно со синчето Сантијаго уживаше во музичката изведба.

„Два метри оддалеченост“ – напиша Ева, алудирајќи на тоа дека ги почитуваат препораките за физичко дистанцирање.

Ева Лонгорија годишнина

Слаткото момче танцуваше по ритамот на музиката. „Санти учи фламенко“ – се пошегува славната актерка.

Ева Лонгорија годишнина Ева Лонгорија годишнина Ева Лонгорија годишнина

Лонгорија сподели и семејни фотографии заедно со порака за сопругот. „Пред четири години се омажив за овој прекрасен маж. Најдобрата душа која ја познавам. Ти благодарам што си најдобриот партнер, во бракот и во животот! Бог нека продолжи да го благословува нашето заедничко патување. Те сакам, љубов на мојот живот! Среќна годишнина“ – напиша таа.

Ева Лонгорија годишнина

Ева и Хозе Пепе стапија во брак во Мексико. Нивното синче Сантијаго се роди во 2018 година.

Ева Лонгорија годишнина

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6806 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“