Дуа Липа во Либан се сретна со деца-бегалци од Сирија
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дуа Липа во Либан се сретна со деца-бегалци од Сирија

Дуа Липа во Либан се сретна со деца-бегалци од Сирија

Дуа Липа отпатува во Либан за да се сретне со деца и млади лица во камп за бегалци. Најголем дел од нив се бегалци од 8-годишната војна во Сирија.

23-годишната музичарка, чии родители го напуштија Косово за време на конфликтот, рече дека патувањето го доживеала многу емотивно.

„Ова беше многу лично за мене. Моите родители избегаа од регион зафатен од војна и создадоа живот за себе на ново место. Секое едно од децата бегалци кои ги запознав има родители како моите, кои се обиделе да ги донесат најдобрите одлуки кои можеле за своите семејства“ – изјавила Липа.

Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа

Младата пејачка сподели фотографии од 3-дневното патување организирано од УНИЦЕФ.

„Во изминативе три дена, работејќи со УНИЦЕФ, се сретнав со деца во живеалиштата за бегалци и во рамките на програми за тренинг и стекнување на вештини. Тоа беше искуство кое најмногу ми ги отвори очите. Но, сакам да зборувам конкретно за бегалците, бидејќи чувствувам лична поврзаност кога ги гледам луѓето да се адаптираат на секакви околности во кои се ставени поради конфликт. Ниту едно семејство, ниту едно дете не избира да го напушти својот дом. Сите имаат соништа. Сите тие заслужуваат еднаквост и место каде ќе можат да живеат, да учат и целосно да го достигнат нивниот потенцијал.“

„Секогаш верувам во децата, бидејќи тие се нашата иднина и мораме да се грижиме за нив. Ова беше емотивно искуство кое ми го скрши срцето, но и ми донесе надеж гледајќи ги децата како се смеат и кикотат и го влечат максимумот од лошата ситуација. Од прва рака ги видов и искусив активностите и можностите кои УНИЦЕФ им ги дава на младите луѓе кои останале без дом поради војната во Сирија и убаво е да се види дека овие деца имаат заедница во која се чувствуваат безбедно и заштитено“ – напиша Липа на Instagram.

Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа

Таа разговараше со деца и млади лица за препреките и предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат, како образование, наоѓање работа и слично.

„Можете да читате за условите или да ги видите предизвиците на ТВ, но не можете да ги почувствувате апсолутно ужасните околности за бегалците од Сирија, сè додека сами не ги видите“.

„Најмоќното нешто што го видов беше надеж“ – рече Дуа опишувајќи 15-годишна девојка која сонува еден ден да се врати во Сирија и да стане шминкерка. „И покрај сите изговори што може да ги има за да се откаже, таа секој ден учи и вежба за еден ден да може да го оствари својот сон“ – додаде таа.

Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа Дуа Липа

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?