Добитниците на престижните награди Оскар 2017
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Добитниците на престижните награди Оскар 2017

Добитниците на престижните награди Оскар 2017

Пред само неколку часа заврши најголемата холивудска манифестација. Доделувањето на престижните награди Оскар, традиционално се одржа во Долби театарот во Холивуд.

На неколкучасовното наградување на најдобрите во филмската индустрија за изминатата година, Џими Кимел беше поставен за водител и ја забавуваше публиката.

Оскар

Фаворитот „La La Land“ по грешка беше прогласен за Најдобар филм, но грешката беше исправена и најважната награда ја доби филмот „Moonlight“.

Иако не ја доби наградата за најдобар филм, „La La Land“ сепак се истакна како победник во повеќето од најважните категории. За Најдобар режисер беше избран Демиен Шазел, Ема Стоун се закити со златна статуетка за Најдобра актерка, песната „City Of Stars“ стана Најдобра оригинална песна, а исто така, познатиот мјузикл ги доби и наградите за Најдобра кинематографија и Најдобра оригинална музика.

Оскар 2017Ема Стоун Оскар Оскар 2017Демиен Шазел

За Најдобар актер во главна улога беше избран Кејси Афлек, братот на Бен Афлек, за улогата во „Manchester by the Sea“.

Оскар 2017Кејси Афлек

Наградата за Најдобра актерка во споредна улога ѝ беше врачена на Вајола Дејвис за улогата во „Fences“, а статуетката за Најдобар актер во споредна улога „одлета“ кај Махершала Али за „Moonlight“.

Оскар 2017Вајола Дејвис Оскар 2017Махершала Али

„Zootopia“ беше избран за Најдобар анимиран филм, додека за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје беше прогласен „The Salesman“.

Оскар

Листа на победници

Best Picture: „Moonlight“
Best Director: Damien Chazelle — „La La Land“
Best Actor: Casey Affleck — „Manchester by the Sea“
Best Actress: Emma Stone — „La La Land“
Best Supporting Actor: Mahershala Ali — „Moonlight“
Best Supporting Actress: Viola Davis — „Fences“
Best Original Screenplay: „Manchester by the Sea“
Best Adapted Screenplay: „Moonlight“
Best Animated Feature Film: „Zootopia“
Best Foreign Language Film: „ The Salesman“
Best Documentary — „O.J.: Made in America“
Best Documentary — Short Subject: „The White Helmets“
Best Live Action Short Film: „Sing“
Best Animated Short Film: „Piper“
Best Sound Editing:Arrival“
Best Sound Mixing: „Hacksaw Ridge“
Best Production Design: „La La Land“
Best Cinematography: „La La Land“
Best Makeup and Hairstyling: „Suicide Squad“
Best Costume Design: „Fantastic Beasts and Where to Find Them“
Best Film Editing: „Hacksaw Ridge“
Best Visual Effects: „The Jungle Book“
Best Original Song: „City Of Stars“ — „La La Land“

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6262 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.