Дејвид Бекам со четирите деца на ревијата на Викторија пред да се упатат на нејзина забава
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам со четирите деца на ревијата на Викторија пред да се упатат на нејзина забава

Дејвид Бекам со четирите деца на ревијата на Викторија пред да се упатат на нејзина забава

Викторија Бекам ја доби поддршката од целото свое семејство на ревијата на која ја презентираше колекцијата пролет/лето 2020 во Лондон.

44-годишниот Дејвид со Бруклин, Круз, Ромео и Харпер од првиот ред го следеа модното шоу на 45-годишната дизајнерка во рамките на Лондонската недела на модата.

Облечена во цветен фустан, 8-годишната Харпер привлекуваше големо внимание на ревијата, каде седеше во скутот на татко си, покрај модната уредничка на „Вог“ Ана Винтур. Таа позираше и со дел од моделите зад сцената.

Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам

Дејвид Бекам сподели фотографии на Instagram и ѝ честиташе на својата сакана за успешната ревија. „Многу љубов за мама ова попладне. Одлично направено, како и секогаш, ние се гордееме со тебе“ – напиша тој.

Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам

За да прослави за лансирањето на својата нова колекција, Викторија организираше приватна забава, на која присуствуваа и нејзините деца Бруклин и Ромео.

Таа носеше модна комбинација од сопствени креации додека чекореше рака за рака со Дејвид.

Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам Семејството Бекам

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 885 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?