Деми Мур сподели дека била силувана на 15 години, а на 42 години го изгубила бебето со Ештон Кучер во 6-ти месец од бременоста
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Мур сподели дека била силувана на 15 години, а на 42 години го изгубила бебето со Ештон Кучер во 6-ти месец од бременоста

Деми Мур сподели дека била силувана на 15 години, а на 42 години го изгубила бебето со Ештон Кучер во 6-ти месец од бременоста

Деми Мур го издаде својот мемоар „Inside Out“, кој месецов ќе биде пуштен во продажба.

Во својата автобиографска книга, 56-годишната актерка открива дека била силувана на 15-годишна возраст, дека била алкохоличарка и дека забременила од Ештон Кучер на 42-годишна возраст, но го изгубила бебето во шестиот месец од бременоста.

Мур стои зад многу иконски филмски улоги и беше една од најплатените актерки во Холивуд. Но, нејзиниот личен живот е исполнет со темни моменти за кои јавноста немала претстава сè досега.

Деми Мур

Славната холивудска ѕвезда имала тешко детство. Кога била дете, мајка ѝ се обидела да си го одземе животот со голтање апчиња. Но, Деми и нејзиниот татко ја спасиле, вадејќи ги лекарствата од нејзината уста.

„Следното нешто на кое се сеќавам е дека ги користев моите прсти, моите мали детски прстиња за да ги ископам апчињата кои мајка ми се обиде да ги голтне додека татко ми ѝ ја држеше устата отворена и ми кажуваше што да правам. Длабоко во мене нешто се промени и никогаш не се врати назад. Моето детство заврши“ – вели таа.

На 13 години, дознала дека нејзиниот татко не ѝ е биолошки татко откако го пронашла изводот од матичната книга на венчаните на нејзините родители.

Деми се иселила од домот на родителите на 16-годишна возраст, а една година подоцна, стапила во брак со пејачот Фреди Мур, со кого се разделила по 4 години. Во време во кое користела кокаин и била алкохоличарка опседната со изгледот на телото, Мур ја добила својата улога во сапуницата „General Hospital“, а подоцна и во „About Last Night“ и „Blame It on Rio“.

Пред да стапи во брак со Брус Вилис, Мур била свршена со актерот Емилио Естевез, со кого се разделиле во 1986 година.

Бракот со актерот Брус Вилис траел од 1987 до 1998 година, но разводот бил завршен во 2000 година. Со него, таа има три ќерки – Румер, Скаут и Талула. Мајчинството не ја спречило Деми да стигне на врвот од кариерата и да добие иконски улоги како онаа во „Ghost“, која ѝ донесе номинација за Златен глобус.

Но, Брус не ја поддржувал во кариерата поради која често отсуствувала од дома и ѝ рекол дека не е сигурен дали сака да биде во брак. По нивниот развод и смртта на нејзината мајка од рак, Деми се повлекла од филмскиот свет за да се фокусира на нејзините ќерки.

Деми Мур

Три години по финализирањето на разводот, Мур започнала да се состанува со Ештон Кучер, кој бил 15 години помлад од неа. „Ми беше како да можам да се вратам назад во времето. Со него искусив многу повеќе отколку што можев да искусам во моите дваесетти години“ – вели таа.

Парот бил пресреќен кога открил дека ќе има ќерка и планирал да ја крсти Чаплин Реј. За жал, во шестиот месец од бременоста, Мур имала спонтан абортус и го изгубила бебето. Следната година, тие стапиле во брак и се обиделе да имаат друго дете со помош на третмани за неплодност, но нивните обиди биле неуспешни. Обвинувајќи се себеси за спонтаниот абортус, Деми сè повеќе и повеќе консумирала алкохол, а започнала и да употребува наркотици.

Деми Мур

Откако во 2011 година дознала дека Ештон ја изневерил, тие се разделиле.

Во 2012 година, како последица од користењето синтетички канабис, Мур имала напад додека се забавувала со ќерката Румер. По таа случка, нејзините три ќерки се оддалечиле од неа, а здравјето започнало да ѝ се влошува.

Откако поминала програма за рехабилитација од користењето наркотици и алкохол, таа започнала да го пишува својот мемоар. Книгата оди рака за рака со нејзиното лекување – физичко, ментално и емоционално, како што вели нејзината пријателка Гвинет Палтроу.

„Inside Out“ ќе започне да се продава на 24 септември.

Деми Мур

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9658 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?