Грешка во гласањето на Евровизија ја искачи Тамара на седмо место, а од гласовите на жирито испадна победничка
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Грешка во гласањето на Евровизија ја искачи Тамара на седмо место, а од гласовите на жирито испадна победничка

Грешка во гласањето на Евровизија ја искачи Тамара на седмо место, а од гласовите на жирито испадна победничка

Грешка во гласањето на Евровизија ја промени табелата со резултати. Рангирањето на првите 4 позиции останува непроменето, но Тамара со „Proud“ се искачи едно место погоре.

Имено, поради грешка во бодирањето од Белорусија, нашата претставничка застана на 7-мото место, а кога станува збор за гласовите на стручните жирија – Тамара е победничка.

Тамара Тодевска

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите“ – напиша Тамара на Instagram.

EBU (European Broadcasting Union) објави дека за финалното рангирање бил искористен погрешен „агрегиран резултат“. Имено, белоруското жири беше распуштено откако откри како гласаше за првата полуфинална вечер, па за големото финале, бил искористен „агрегиран резултат“, искалкулиран врз база на резултатите од други земји со слична архива на гласање.

На финалната табела, Тамара има 305 поени, со што е на седмо место.

Коригираната табела

Тамара Тодевска
  1. Холандија (498 поени)
  2. Италија (472 поени)
  3. Русија (370 поени)
  4. Швајцарија (364 поени)
  5. Шведска (334 поени)
  6. Норвешка (331 поен)
  7. Северна Македонија (305 поени)
  8. Азербејџан (302 поени)
  9. Австралија (284 поени)
  10. Исланд (232 поени)

Кај гласањето на жирито, таа успеа да ја заземе челната позиција откако претходно имаше само 2 поени помалку од Шведска.

Тамара Тодевска

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 12%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 6028 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?