ГОРДИ на Тамара! Македонските јавни личности со пораки за успехот на Евровизија
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ГОРДИ на Тамара! Македонските јавни личности со пораки за успехот на Евровизија

ГОРДИ на Тамара! Македонските јавни личности со пораки за успехот на Евровизија

Целата држава е горда на Тамара Тодевска и за нас, таа е победник. 33-годишната пејачка синоќа го освои осмото место во финалето на Евровизија, а тоа е најдобриот пласман за Македонија во историјата на музичкиот натпревар.

Познати македонски личности и политичари испратија пораки за поддршка на нашата претставничка и порачаа дека се ектремно горди на неа и нејзиниот тим.

Евровизија Тамара

Претседателот Стево Пендаровски напиша: „Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!“

„Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап“ – дополни тој.

View this post on Instagram

Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап.

A post shared by Стево Пендаровски (@stevopendarovski) on

И премиерот Зоран Заев испрати честитка до македонскиот тим. „Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди! #Proud“ – стои во неговата објава.

Тијана Дапчевиќ горда на својата помала сестра напиша: „Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи на Евровизија е најголем успех! Многу те сакам!!! ГОРДА СУМ до небото и назад!“

Каролина Гочева на Instagram напиша: „Тамара фала што нè направи ГОРДИ. Беше беспрекорна!!! Ти си нашиот победник!!! Вечерва сите срца чукаа како едно! Те сакам бескрајно!“

Евровизија Тамара

Во пораката на Лила Филиповска стои: „Ма ти си Тамара нашата ПОБЕДНИЧКА...Фала ти што не направи ГОРДИ....и конечно ни овозможи да почувствуваме како изгледа Европа да гласа за нас , Англија да ни даде 12 поени и да го гледаме нашето име на врвот долго време. Честитки и за целиот твој тим од професионалци !!! Браво дечки и секоја чест.“

Антониа Гиговска, која ѝ беше придружен вокал на Тамара, објави заеднички фотографии и напиша: „ТЕ САКАМ! Фала ти што ме направи ГОРДА и секогаш верувај во себе!!!“

„Ти си мојот победник!“ – напиша Калиопи.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5601 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?