„Врба“ во кината во Скопје и низ земјата
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Врба“ во кината во Скопје и низ земјата

„Врба“ во кината во Скопје и низ земјата

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“, и Милчо Манчевски, мајсторот на филмот, се враќаат дома. Светските критики сè уште не стивнуваат. Досега преку 20 светски медиуми напишаа позитивни рецензии за филмот.

На 1 ноември е закажана премиера на филмот во Македонска филхармонија, но она што е куриозитет е што од истата вечер филмот почнува со киноприкажување во неколку кино сали на Синеплекс, во Милениум, во Битола, Штип, Охрид, а во неделите што следат, филмот ќе биде на редовниот репертоар во овие кино сали.

Врба

„За нас е привилегија да го прикажеме филмот пред домашната публика, која сметаме дека не треба да чека за да го види филмот. Затоа во исто време со официјалната премиера која ќе биде на 1 ноември во Македонската Филхармонија, филмот ќе има паралелно кино прикажување и во Синеплекс и Милениум во Скопје, во домот на културата во Битола, Штип и Охрид, а во преговори сме и правиме напори во исто време да игра и низ целата држава. Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември. Во следниот период филмот ќе продолжи да си игра на редовен репертоар во овие кино сали“ - вели продуцентот на филмот, Јане Ќортошев.

Врба

За многу кусо време светската критика се огласи со многу позитивни мислења, а на денешната прес конференција, пред новинарите, режисерот Манчевски, изјави дека не бил изненаден од пофалните зборови за филмот: „Процесот на правење беше за првпат пријатен и целосно професионален поради посветениот и фокусиран тим, предводен од Јане Ќортошев, Ник Пауел и Иан Прајор. „Врба“ е трагедија со хепи-енд. Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост - како и животот. Премиерата и ја посветуваме на Марко Ќортошев, кој е врсник на „Врба“ и се роди на неколку дена пред премиерата“.

Куриозитет е што филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели: „Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се подеднакво интересни - на различен начин. Женската верзија ќе се прикажува во Синеплекс, а машката во Милениум.“

Врба

Италијанскиот Cinematographe меѓу другото вели:

„Величествена македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли.

Трејлер за „Врба“

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?