Виртуелно шоу: Еве во чии раце завршија наградите Еми 2020
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Виртуелно шоу: Еве во чии раце завршија наградите Еми 2020

Виртуелно шоу: Еве во чии раце завршија наградите Еми 2020

Најневообичаеното 72-ро издание на Еми наградите се одржа синоќа во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес. Џими Кимел беше водител на манифестацијата без публика во празна сала и виртуелно ги додели наградите за најдобрите во телевизиската индустрија за годината која измина.

Видео

Најголемото изненадување на вечерта беше Зендеја, која ја присвои наградата Најдобра актерка во драмска серија за „Euphoria“ и стана најмладата филмска ѕвезда која ја има добиено оваа статуетка. 24-годишната Американка победи импресивни актерки за да застане на челната позиција. Во истата категорија беа номинирани и: Џенифер Анистон (The Morning Show), Оливија Колман (The Crown), Џоди Комер (Killing Eve), Лора Лини (Ozark) и Сандра О (Killing Eve).

Зендеја

За Најдобра ТВ серија комедија беше избрана „Schitt’s Creek“. За улогите во истата серија, Јуџин Леви ја доби статуетката за Најдобар актер во ТВ серија комедија, Кетрин О’Хара беше прогласена за Најдобра актерка во ТВ серија комедија, Даниел Леви стана Најдобар актер во споредна улога во ТВ серија комедија, а Ени Марфи застана на челната позиција во категоријата Најдобра актерка во споредна улога во ТВ серија комедија.

Schitt’s Creek

Екипата на „Succession“ ја присвои статуетката за Најдобра драмска серија. За одличните актерски способности во истата серија, Џереми Стронг беше прогласен за Најдобар актер во драмска серија.

Најдобра лимитирана серија или филм стана „Watchmen“. Реџина Кинг за улогата токму во „Watchmen“ беше прогласена за Најдобра актерка во лимитирана серија или филм.

За Најдобар актер во лимитирана серија или филм беше избран Марк Рафало за „I Know This Much Is True“.

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9634 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.