Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вин Дизел и ќерката на Пол Вокер со тажни пораки на роденденот на прерано починатиот актер

Вин Дизел и ќерката на Пол Вокер со тажни пораки на роденденот на прерано починатиот актер

Доколку сè уште беше жив, Пол Вокер сега ќе наполнеше 50 години.

Пол Вокер

Ѕвездата од „Fast & Furious“ го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 10 години, но неговите најмили никогаш не го преболеа и заборавија. По повод неговиот 50. роденден ќерка му Мидоу сподели нивна стара фотографија, а во описот напиша:

„Среќен роденден на мојот ангел-чувар. Ти благодарам за твоите љубов, пријателство, насочување, сонце и што ме израсна да ја гледам целата убавина во светот. Ти си најљубезната, најскромната, најдарежливата и најгрижливата душа што ја познавам. Од мала возраст ме научи секогаш да се однесувам со почит кон сите, да правам добри дела и да се грижам за нашата планета. Те сакам и ми недостасуваш секој ден“.

Пол Вокер

Вин Дизел, кој беше најдобар пријател со Вокер, не дозволува да помине ниту еден значаен датум без да му оддаде почит преку социјалните мрежи. Тој сподели фотографија со Пол и напиша:

„За мене оваа фотографија го претставува моментот кога знаев дека ќе бидеме браќа вечно. Јануари 2010, ноќта пред да тргнеме во Хаити... страста и радоста кои ги имаше да им помагаш на луѓето. Рече дека луѓето кои први пружаат помош не треба никој да чекаат... и дека сакаш да го посветиш твојот живот на тоа. Па, колку и да посакувам да сечев торта и да пеев ‘Среќен роденден’ за твојата голема 50-ка, знам дека веројатно немаше да го правиме тоа. Бидејќи ти ќе беше во Мауи или Мароко или некаде на планетата каде им треба помош на луѓето“.

„Ми недостигаш... Те сакам. Среќен роденден“.

Пол Вокер

И актерката Мишел Родригез не пропушти да го одбележи роденденот на својот колега.

Пол загина на крајот од 2013 година откако автомобилот управуван од негов пријател удрил во столб и дрво и се запалил во Санта Кларита, Калифорнија. Претходно, тие биле на хуманитарен настан.

Пол Вокер Пол Вокер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14376 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.