Викторија Лоба се вери и го покажа свршеничкиот прстен
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија Лоба се вери и го покажа свршеничкиот прстен

Викторија Лоба се вери и го покажа свршеничкиот прстен

Викторија Лоба наскоро ќе заплива во брачните води. Популарната пејачка го прифати предлогот за брак на бизнисменот Ѓорги Калешов.

За „Бекстејџ“, 30-годишната македонска ѕвезда го покажа свршеничкиот прстен.

Блескавиот прстен таа го носеше и на една од нејзините понови фотографии.

Викторија Лоба

Викторија и Ѓорги долги години се во врска. Минатиот месец тие заедно беа на патување во Мајами.

Викторија Лоба Викторија Лоба

Лоба имаше споделено дека официјализирањето на врската со брак не е толку важно за неа колку поврзаноста со партнерот. „Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму... Кога ќе дојде време за славење, ќе бидете сите повикани“, рече таа.

Викторија Лоба

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.