ВИДЕО: Хоакин Феникс спаси крава и теле од кланица 2 дена по оскаровскиот говор
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Хоакин Феникс спаси крава и теле од кланица 2 дена по оскаровскиот говор

ВИДЕО: Хоакин Феникс спаси крава и теле од кланица 2 дена по оскаровскиот говор

Хоакин Феникс докажува дека неговиот говор по примањето на Оскар не се сведува на празни зборови.

Откако ја освои статуетката за Најдобар актер, 45-годишниот веган и активист зборуваше за правата на животните, а два дена подоцна, помогна во спасувањето на крава и нејзиното новородено теле од кланица.

Славниот актер посети кланица во Калифорнија, каде се сретна со главниот директор Антони Ди Мариа и се запозна со условите во кои се чуваат животните. Во видеото, Антони вели дека никогаш во неговата кланица не дозволува колење на крава со теле и дека животните се усмртуваат на колку што е можно похуман начин.

Хоакин заедно со претставници на L.A. Animal Save обезбедија превоз за кравата и телето до фарма на која ќе можат да живеат слободно.

Видео

Видеото завршува со цитат од прерано починатиот брат на Феникс, Ривер. Со истата таа реченица („Трчај кон спасот со љубов и ќе те следи мир“), популарниот актер го заврши говорот на Оскарите.

За потсетување, во оскаровскиот говор, тој рече: „Станавме луѓе кои не се поврзани со природниот свет и многу од нас сме виновни што имаме егоцентричен поглед на светот – веруваме дека сме центарот на универзумот. Одиме во природата и насилно ги крадеме ресурсите. Сметаме дека имаме право вештачки да оплодиме крава, а откако ќе роди, да ѝ го украдеме бебето и покрај тоа што нејзиниот плач од страдање е јасен. А потоа, ѝ го земаме млекото наменето за нејзиното теле и го ставаме во нашето кафе или житарки.“

Крава и теле

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3592 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?