ВИДЕО: Ужасно лош настап на Витни Хјустон
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ужасно лош настап на Витни Хјустон

ВИДЕО: Ужасно лош настап на Витни Хјустон

Витни ХјустонВитни Хјустон на вчерашниот концерт.

Кога пред неколку дена ја објавивме веста за младиот Тајванец Lin Yu Chun и неговата совршена изведба на песната „I Will Always Love You“, на крајот на насловот поставивме прашалник: „Момче од Тајван пее подобро од Витни Хјустон?“. Но сега, откако ја слушнавме изведбата на Витни во живо, дефинитивно треба да ја поправиме таа грешка.

Вчера вечерта Витни Хјустон во Бирмингем го одржа својот прв концерт по 11-годишна пауза со што ја започна нејзината светска турнеја. Но, 46-годишната пејачка донела повеќе разочарување отколку возбуда за нејзините обожаватели.

Концертот бил исполнет со паузи и фалш пеење, што разлутило многу посетители кои платиле по околу 100 фунти за да присуствуваат. Еден од нив за DailyMail изјавил: „Чекав да биде прекинат концертот и да ни ги понудат парите назад. Тоа беше измама, крадење. Не беше концерт.“

Минатата недела Витни беше принудена да одложи три концерти поради респираторна инфекција. Многу странски медиуми објавија и вест дека Витни повторно зема кокаин.

Што беше причината за лошото пеење не се знае, само едно е јасно – веќе Витни не може да се врати на сцената со истата сила како порано.

„I Will Always Love You“ – Витни Хјустон

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3640 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.