ВИДЕО: Еминем и Ријана во спотот за „Love The Way You Lie“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Еминем и Ријана во спотот за „Love The Way You Lie“

ВИДЕО: Еминем и Ријана во спотот за „Love The Way You Lie“

„Recovery“Омотот на „Recovery“

Денес официјално беше промовиран спотот на Еминем и Ријана за хитот „Love The Way You Lie“. Главните улоги ги имаат Меган Фокс и Доминик Монахан, а се предвидува дека емотивното видео ќе доживее голема популарност.

Спотот е режиран од Џозеф Кан, којшто има соработувано со многубројни музички имиња како Лејди Гага, Гвен Стефани и 50 Cent, а бил сниман на локации во Лос Анџелес. Во него се прикажува приказната на еден пар чија страст преминува во насилство.

Темата насилство е особено чувствителна и за Ријана и за Еминем. Ријана, којашто минатата година беше жртва на насилство од нејзиното бившо момче Крис Браун, неодамна изјавила дека ова е нешто што ѝ било потребно да го направи.

„Тоа е нешто што и јас и Еминем го имаме искусено.... Тоа е нешто што требаше да биде направено...“ – изјавила Ријана за Access Hollywood.

„Love The Way You Lie“ е дел од новиот албум на Еминем, насловен „Recovery“.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 26%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 4138 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.