ВИДЕО: Деми Ловатo низ солзи ја отпеа баладата со која се враќа на сцената по предозирањето
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Деми Ловатo низ солзи ја отпеа баладата со која се враќа на сцената по предозирањето

ВИДЕО: Деми Ловатo низ солзи ја отпеа баладата со која се враќа на сцената по предозирањето

Деми Ловато со моќен настап на Греми се врати на музичката сцена по паузата по предозирањето.

Популарната пејачка беше обземена од емоциите и на почетокот мораше накратко да го прекине настапот за ја надвладее растрепереноста. Солзи ѝ течеа додека ја пееше „Anyone“, која ја сними само четири дена пред предозирањето поради кое за малку ќе го изгубеше животот.

Видео

„Оваа песна беше напишана и снимена многу кратко време пред сè што се случи. Го снимив пеењето четири дена пред... Текстот придоби друго значење. Ја слушам сега и си мислам како никој не ја слушна песната и да си помисли: 'Да ѝ помогнеме на оваа девојка'. И јас ја снимав во состојба кога мислев дека сум во ред, а всушност не бев“ - објасни Деми.

Деми Ловато Деми Ловато Деми Ловато Деми Ловато Деми Ловато Деми Ловато

Ловато беше пронајдена во бессознание во јули 2018 година. За среќа, медицинските лица успеаја да ја спасат, а по трагичниот настан, започна да се лекува во центар за рехабилитација.

Таа неколкупати има зборувано за зависноста од дрога и алкохол, а пред инцидентот, тврдеше дека е трезна шест години. Деми не крие дека за првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за Дизни. Со години се бореше со зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната, а во 2010 година се лекуваше за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19954 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?