ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Селин Дион и нејзините неродени близначиња се во одлична состојба, иако вчера една од најраспространуваните вести беше дека легендарната пејачка била итно пренесена во болница поради компликации во бременоста.
Селин Дион и нејзиниот сопруг Рене
Претставник на Селин Дион ги нарече ваквите вести „комплетно фабрикувани“ и објасни дека бременоста на Селин тече во најдобар ред.
„Таа не беше во болница, нејзината бременост продолжува да е здрава и таа се чувствува фантастично“ – изјавил претставник на славната 42-годишна дива.
Дион и нејзиниот сопруг Рене биле вознемирени од појавата на вакви лажни вести, особено поради тоа што добивале многу повици од загрижени пријатели.
Селин Дион треба да донесе на свет две машки близначиња во ноември.
Дневен, месечен и годишен хороскоп:

Оскар Вајлд
Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.
Коментари (0)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.