„Велеа дека сум чудна, но вистината е дека јас сум вака родена“: Лејди Гага со моќен пост за убавината
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Велеа дека сум чудна, но вистината е дека јас сум вака родена“: Лејди Гага со моќен пост за убавината

„Велеа дека сум чудна, но вистината е дека јас сум вака родена“: Лејди Гага со моќен пост за убавината

Лејди Гага напиша моќен пост на Instagram за убавината и моќта на шминката.

33-годишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека воопшто не се чувствувала убаво со надворешниот изглед сè додека не ја открила шминката. Кога била мала, таа постојано ја гледала мајка си како се разубавува, притоа трансформирајќи се себеси во смела жена. Стефани била решена да го направи истото.

Експериментирајќи со шминката, таа ја создала Лејди Гага.

Лејди Гага

Кога бев млада, никогаш не се чувствував убаво. Додека се трудев да пронајдам смисла за внатрешна и надворешна убавина, ја открив моќта на шминката.

Се сеќавам дека ја гледав мајка ми додека се шминкаше секое утро, уживајќи во сјајот на нејзината моќ да го стави најсмелото лице, како вредна жена каква што и беше. Тогаш, започнав да експериментирам со шминката како начин да си го остварам сонот да бидам исто толку силна колку мајка ми.

Тоа беше време кога ја создадов Лејди Гага. Го пронајдов суперхеројот во мене, гледајќи во огледалото и откривајќи ја личноста што сакав да бидам.

Понекогаш убавината не доаѓа природно однатре. Но, јас сум благодарна што шминката инспирираше смелост во мене која не знаев дека ја имам.

Се помирив со фактот дека ја открив мојата убавина со поседувањето способност да се преобразам и трансформирам себеси. Велеа дека сум чудна, но вистината е дека јас сум вака родена (Born This Way).

Со љубов,
Лејди Гага

Објавата на Гага е најава за нејзината нова козметичка линија „Haus Laboratories“ која ексклузивно ќе започне да се продава на Amazon во септември оваа година.

Лејди ГагаЛејди Гага пред големата слава, кога не била задоволна со својот изглед Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9437 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.