Бритни го тепала своето момче?
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни го тепала своето момче?

Бритни го тепала своето момче?

Веќе долго време се шпекулира дека врската на Бритни Спирс и Џејсон Травик е пред крај. Многупати странските медиуми објавуваа вести дека Бритни се вратила на своите лоши навики и постојано избувнувала и правела љубоморни сцени.

Овој пат шокантната вест е дека Бритни наводно го тепала Џејсон, кој воедно е и нејзин менаџер и тоа пред очите на папараците кои ги следеле. Фотографии на кои Бритни го удира Џејсон нема, но на овие фотографии, кои се снимени веднаш по настанот, јасно се гледа вознемиреноста на Бритни.

Бритни и Џејсон Бритни Спирс Бритни Спирс

Минатата седмица Џејсон и Бритни возеле во различни коли во иста насока кога Џејсон решил дека сака да се префрли во колата на поп ѕвездата и ѝ се јавил да запре. Но, додека стоела со својот џип, Бритни предизвикала метеж во сообраќајот и многумина почнале да свират, а тоа ја изнервирало.

Кога Џејсон влегол во колата, Бритни полна со бес започнала да го удира. Очевидец на настанот за X17 изјавил дека бесната пејачка наводно го удрила Џејсон 5-6 пати по лицето.

Бритни беше навистина вознемирена. Кога го удираше Џејсон изгледаше како да вади од себе фрустрации насобрани од неколку години. Тоа не беше лутина од една случка. Изгледаше како да го мрази типот. Зошто би му го направил тоа на човекот што го сакаш?

Изјава на очевидец

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3631 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.