Бремената Криси Тиген сама го избра полот на бебето, доби остри критики
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бремената Криси Тиген сама го избра полот на бебето, доби остри критики

Бремената Криси Тиген сама го избра полот на бебето, доби остри критики

Криси Тиген откри дека сама го избрала полот на нејзиното неродено бебе за време на постапката за ин витро оплодување. 30-годишниот модел призна дека избра женско бебе зашто според неа, Џон Леџенд би бил совршен татко на девојче.

Привлечната трудница, која долго време се бореше со неплодноста, во интервју за People откри детали од својата ин витро постапка, но наиде на жестоки критики онлајн.

Криси Тиген

„Јас ја донесов таа одлука. Не само што ќе имам девојче, туку јас го избрав девојчето од нејзиниот мал ембрион. Ја избрав неа и беше нешто како: Ајде да го ставиме внатре девојчето“ – рече Криси за People.

„Најмногу бев возбудена и привлечена од фактот дека Џон би бил најдобриот татко на мало девојче. Тоа ме возбудуваше... Ме возбудуваше помислата да го видам со мало девојче. Мислам дека заслужува мало девојче. Мислам дека заслужува таква врска. Ќе имаме и момче. Ќе стигнеме и до тоа, па не чувствувам како да правиме избор. Но, Џон е многу среќен што ќе има мало девојче, а и ова девојче ќе биде многу среќно што ќе го има Џон за татко, лудо е“ – додала таа.

Непосредно по објавувањето на интервјуто, Тиген стана мета на критики. Додека едни ја критикуваа затоа што преферирала еден пол пред друг, други ја нарекоа нејзината постапка „одвратна“, трети ја етикетираа како „себична“, а четврти ја обвинија дека го нарушува природниот баланс и дека ги „фрла“ машките ембриони.

Откако ги прочита негативните коментари, Криси ја искористи социјалната мрежа Twitter за да возврати на оние кои го критикуваа нејзиниот избор.

„По сè што прочитав вечерва сметам дека погрешив што мислев дека луѓето го разбираат процесот подобро, а тоа е моја грешка“.

„Сето ова е многу интересно. Го кажав тоа онака, затоа што сум отворена. Опкружена сум со толку многу отворени лица и заборавив дека е контроверзно“.

„Ние не создадовме мало девојче. Имавме неколку ембриони, и момчиња и девојчиња. Едноставно избравме да ставиме прво женско“.

„Ништо не исфрливме и во иднина сè уште сакам да имам повеќе и од двата пола. Тешко е да објаснам толку комплициран процес тука“.

„Би се изненадиле колку луѓе кои ги познавате поминуваат низ ова. Исто така, секој доктор го знае полот на ембрионот, тоа не е голема тајна“ – напиша Тиген.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген и Џон Леџенд

Криси и Џон го очекуваат своето прво дете, за кое објавија дека е женско.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3599 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?