Бразилска идила: Лени Кравиц во фотосесија во својот дом во близина на Рио де Жанеиро
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бразилска идила: Лени Кравиц во фотосесија во својот дом во близина на Рио де Жанеиро

Бразилска идила: Лени Кравиц во фотосесија во својот дом во близина на Рио де Жанеиро

Додека македонските фанови на Лени Кравиц со нетрпение го очекуваат неговиот концерт во Скопје, беше објавена фотосесија на славниот пејач во неговиот дом во Бразил.

За списанието „Architectural Digest“, 54-годишниот музичар ги отвори вратите од својот имот кој се наоѓа на поранешна плантажа за кафе, на само неколку километри од Рио де Жанеиро, а моментално функционира како фарма.

Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц

Пред десет години, додека бил на турнеја во Бразил, негов пријател го поканил да го разгледа ова прекрасно место кое датира од 18-тиот век. „Пристигнавме таму навечер и следното утро се разбудив со најспекракуларниот пејзаж кој може да се замисли. Бевме сместени во долината, опкружени со планини, водопади, крави, коњи, мајмуни, овоштарници и зеленчукови полиња – сета убавина на природата. Наместо да останеме еден ден, останавме таму шест месеци.“

„Беше неверојатно. Се откажав од животот, научив да јавам коњи од каубои, учев за земјоделието и повторно се поврзав со природата. Никогаш се немав чувствувано посмирено и поблиску до Бог. Беше магично време. Си мислев: ‘завршив со метежот и вревата. Јас ќе станам земјоделец’“ – вели Лени.

Две години подоцна, Кравиц го купил целиот имот и го уредил по свој вкус.

Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц

ВИДЕО

Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц Домот во Бразил на Лени Кравиц

Концертот на Лени во Скопје ќе се одржи на 3 мај во ВИП Арената.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6558 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“